Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгискиот репрезентативец Маруан Фелаини успеа да го победи коронавирусот и лекувањето ќе го продолжи во неговиот дом.
Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, а денеска играч на кинески Шандонг Луненг, беше пуштен на домашно лекување, а во следните 14 дена треба да остане во самоизолација.
Белгискиот интернационалец на 22 март дозна дека е позитивен на Ковид-19, по неколку недели откако се врати во Кина од Дубаи. Помина 20 дена во болница, па сега следниот период ќе мора да се лекува дома, а тоа го потврди и неговиот тим во кратко соопштение.
„Проценето е дека Маруан Фелаини добро се рехабилитира, па докторите донесоа одлука да биде отпуштен од болничко лекување“, пишува во соопштението.