Агентот на ван де Бек се огласи за неговата иднина

Младиот фудбалер на Ајакс, Дони ван де Бек се поврзува со летен трансфер во редовите на Реал Мадрид или Манчестер Јунајтед.

И двата тима се заинтересирани за услугите на играчот од средниот ред и каде тој ќе заврши ќе зависи многу и од Пол Погба кој исто така се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

Дека се уште  не е ништо договорено потврди и агентот на играчот, Гуидо Албертс за холандските медиуми.

„Што ќе се случи со Дони? Никој не знае во моментов. Интересот како што се знае е присутен и неколку клубови го следат подолг период. Ќе видиме што ќе се случи во неделите што доаѓаат. Не се осмелувам да кажам ништо и не можам да кажам ништо“ –изјави Албертс.