Интер ја „спушти“ топката, ќе се согласи на размена – четири за еден!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пишува дека во Интер мора да разгледаат потенцијална трампа со Каталонците, кои нема да платат 111 милиони евра за Лаутаро Мартинез.

Магазинот пишува дека Интер има понуда да го даде Мартинез во замена за четири фудбалери, а тоа се Артуро Видал, Карлес Алења, Нелсон Семедо и Марк Кукурелја.

Интер сакаше да го вклучи и Артур во трансферот, но Барселона не сака да се откаже од Бразилецот и тој ќе остане кај нив.

Антонио Конте сака да го види Видал во неговата екипа и поради тоа Интер планира да ја прифати понудата од Барселона. Секако, сите играчи нема да ги задржат, туку некои од нив веднаш ќе бидат продадени.