Адеми доби нов тренер во Динамо Загреб! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ненад Бјелица го напушти хрватскиот гигант Динамо Загреб пред неколку дена, по што се шпекулираше за тоа кој ќе го преземе тимот каде што настапува македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Хрватската екипа денеска на официјалната веб-страна објави дека се договорила со Игор Јовичевиќ и потпишала соработка на две години.

Јовичевиќ претходно го предводеше младинскиот тим на Динамо, со кој имаше многу успех во младинската Лига на шапмиони.

„Ова е остварување на мојот сон. Го сакам Динамо, цел живот сум тука, а татко ми Чедомир Јовиќевиќ првпат ме донесе во просториите кога имав само четири години. Имав желба да станам тренер на клубот и сега тоа се оствари. Пред мене е огромен предизвик…“, кажа Јовичевиќ.