Скандал: Сопственик на португалски клуб наместил три натпревари!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Португалкиот клуб Депортиво Авес се најде во центар на скандал поради обложување. Поранешната извршна директорка на клубот, Естрела Коста во еден разговор открила дека сопственикот на тимот Ви Жао наместил три меча против тимот и се обложил на нив.

Во снимениот телефонски разговор меѓу неа и кинескиот газда се слушаат разговорите за наместени натпревари, обложување и дури за планираното испаѓање во понизок ранг.

Кинескиот бизнисмен во претходните месеци често забораваше на платите на фудбалерите, а очигледно решил да ја зголеми својата банкарска сметка со обложување на натпревари против сопствениот тим.

Авес уште не реагираше поради обвинувањата, а во моментов се наоѓа на последното место на табелата со само 13 освоени бодови по 24 одиграни натпревари.