Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Седницата на извршниот одбор на Европската фудбалска федерација (УЕФА) беше одржана денеска. На видео-конференцијата се разговараше за завршницата на европските натпреварувања, а беше решено дека пласманот во европските натпреварувања, ако не заврши сезоната, ќе се решаваат според остварените резултати.
Тоа значи дека клубовите по актуелниот пласман на табелата ќе одат во европските натпреварувања за следната сезона, а не по коефициентот како што претходните денови се најавуваше.
Во случај некој од клубовите да има помал број на одиграни средби во борбата за Европа, ќе биде применет систем по просек на поени по натпревар и на тој начин ќе се одреди конечниот пласман.
Секако, сите ќе се потрудат да завршат шампионатите до 3 август, а навивачите се надеваат дека тоа ќе се оствари на крајот.