УЕФА го одврза ќесето: Ќе им даде пари на клубовите чии фудбалери настапиле за репрезентациите!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Полека се појавуваат информации што ќе се случи со националните првенства, но и со Лигата на шампиони и Лига Европа. Освен тоа УЕФА се грижи за уште некои работи, па донесе важна одлука во текот на денешниот ден.

Дури 70 милиони евра ќе бидат доделени на клубовите чии играчи настапуваа во квалификациите за Европското првенство.

Освен тоа, дополнителни 200 милиони евра ќе бидат доделени по Европското првенство кое ќе се одржи во 2021 година.

Сите првенства треба да завршат до август, за да се направи простор за Куповите, поточно Лигата на шампиони и Лига Европа.

Доколку првенствата не можат да бидат завршени до тој датум, тогаш тимовите ќе изборат пласман во Европа според моменталната состојба на табелата.