Вертонген најави заминување од Тотенхем и посочи во која лига би можел да продолжи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот стопер на Тотенхем, Јан Вертонген за прв пат навести дека би можел да си замине од тимот на Тотенхем ова лето.

Актуелниот договор на Вертонген со Тотенхем истекува ова лето, па тој како слободен агент ќе може да се пресели во некој тим.

За него има неколку заинтересирани тимови од Италија, а Вертонген најави дека би можел да се пресели во лигите како што се италијанската или шпанската.

„Сакам да потпишам со вистинскиот клуб. Може да е и Тотенхем, но може да е и друг клуб. Навистина сакам да продолжам на топ ниво уште неколку години. Од јануари, многу клубови се заинтересираа и пратија сериозни понуди. Шпанската и италијанската лига ми се најдобра опција, но ќе ги оставам сите врати отворени“ –изјави Вертонген.