Саудијците не се шегуваат и во Њукасл ја носат ѕвездата на Реал Мадрид

Њукасл неодамна доби нови богати сопственици, па клубот сега ќе биде предовден од саудиски конзорциум.

Веќе почнаа шпекулации за тоа кои играчи ќе го засилат Њукасл во летниот преоден рок и кој тренер ќе седне на нивната клуба.

„Токспорт“ денеска пушти приказна дека Лука Модриќ би можел да се врати на Островот и да направи трансфер на „Сент Џејмс Парк“.

Интересно е тоа што пред 12 години Модриќ бил пред трансфер во Њукасл, но тогаш работата се изјаловила и Хрватот не стигнал на Островот.