Британско-грчки милијардер има предлог за „ново“ име на Ноу Камп


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Британско-грчкииот бизнисмен и милијардер Алки Дејвид сака да ги обезбеди правата на името на стадионот Ноу Камп.

Вчера се појавија информации дека Барселона ќе ги продаде правата на името со цел, да собере пари за да се бори против пандемијата на коронавирус.

Алки Дејвид, е сопственик на повеќе компании и бизниси. Поседува и фабрика за Кока-Кола во Грција, како и швајцарска компанија наречена Свиссх која произведува лековити материи базирани на канабис.

Во интервју за „Дејли меил“, Алки Дејвид рече дека е прилично уверен дека ќе може да ги обезбеди правата за името на стадионот и рече дека „Свиссх Ноу Камп“ звучи убаво.

Се верува дека Барселона ќе има годишна заработка од 35-45 милиони евра од продажбата на правата на Ноу Камп.

Дали стадионот на Барселона официјално ќе се вика Камп Свиссх Ноу Камп во иднина останува да се види …