Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај Мајкл Џордан и Тајгер Вудс, Флојд Мејведер е единствениот спортист кој заработи над една милијарда долари во својата кариера.
Познатиот боксер отсекогаш сакал да се фали со тоа во јавноста, а нема денови кога не покажува огромна сума пари, накит и други луксузни предмети.
Сепак, во јавноста има информација дека Мејведер е всушност банкрот и затоа оваа 43-годишен боксер сака да направи уште еден натпревар кој ќе му заработи милиони долари.
Неговите настапи се добро платени. Вреди стотици милиони долари, а во последните месеци тој беше во преговори со шефот на УФЦ, Дана Вајт околу организирање на натпревар против Кабиб Нурмагомедов или реванш со Конор МекГрегор.
Ова повторно предизвика голем број сомнежи дека на Флојд итно му требале пари за да ги покрие неговите лоши инвестиции, а славниот боксер, наводно, имал огромни проблеми со коцкање.
Поранешниот борец на ММА, Чаел Сонен неодамна откри дека Мејведер банкротирал.
„Флојд е банкнотиран. Тој направи многу пари во минатото, но не е важно колку заработувате, туку колку заштедувте. И тој е глупав човек“, беше директен Сонен.
Неговиот поранешен пријател, познатиот рапер 50 Цент, исто така неодамна истакна дека на Флојд му требаат пари, но тој не рече ништо повеќе од тоа.
Во 2018 година, ривалот на Флојд, Конор Мек Грегор, исто така, откри дека Флојд е заглавен во коцкање.
“Мора да ја остави коцката. Премногу е заразен. Тој рече дека ќе се ослободи од коцкањето, но истото го повторува. Знам дека има проблем, се обложува на сè”, рече Мекгрегор.
Сепак, Мејведер постојано тврди дека сè уште има огромни пари на своите сметки, а неговата вредност, наводно, е проценета на околу 600 милиони долари.