Барселона го посакува Ндомбеле и нуди двајца играчи за негов трансфер


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека од таборот на Барселона го посакуваат фудбалерот на Тотенхем, Тангуј Ндомбеле.

23 годишниот фудбалер не се снајде најдобро во својата прва сезона во Лондон, па би можел да си оди од клубот по само една помината сезона.

Барселона го посакува играчот, но поради коронавирусот и економската криза нема да има големи финансиски средства за трошење. Поголем дел од финансиите би требало да заминат за ангажман на Лаутаро или Нејмар, па Ндомбеле ќе се обидат да го донесат така што на Тотенхем ќе му ги понуди Нелсон Семедо и Самуел Умтити.

Наводно Жозе Мурињо бил подготвен за ваква зделка и лесно може да се откаже од 23 годишниот Ндомбеле.