Тотенхем фаворит за ангажман на фудбалер на Барселона

Иван Ракитиќ речиси сигурно ќе си замине од редовите на Барселона во летниот преоден рок.

Интерс за хрватскиот интернационалец има од тимови од Ла Лига, Премиер лигата и Серија А, а како што пишува „Мундо Депортиво“ во моментов најсериозен кандидат за неговиот потпис е тимот на Тотенхем.

За Ракитиќ се интересираат и Атлетико Мадрид, Јувентус, Наполи и Севилја, но се верува дека Жозе Мурињо ќе го убеди играчот од средниот ред да се пресели во Северен Лондон.