Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Џанлука Ди Марцио вчера изјави дека Артур е трансфер цел на Јувентус кој е подготвен да го даде Миралем Пјаниќ за да го обезбед потписот на бразилскиот фудбалер.
23 годишниот фудбалер од средниот ред денеска се огласи во јавноста за наводниот интерес од Јувентус и за тоа каде сака да продолжи да игра.
„Секогаш ќе има шпекулации, но јас искрено сум јасен за единствената опција за која сум заинтересиран, а тоа е останување во Барселона. Сигурен сум и релаксиран за тоа. Се чувствувам како дома и му благодарам на клубот и тренерскиот тим што ми даваат самодоверба“ –изјави Артур.