Интер има неверојатни барања од Барселона за Лаутаро Мартинез


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лаутаро Мартинез е главна желба на Барселона во летниот преоден рок. Каталонците сакаат да го ангажираат во свои редови, но бидејќи се во економски проблеми, Интер не може да ги понуди очекуваните 111 милиони евра.

Тимот од Милан е подготвен да го продаде Мартинез, но се има своја цена, па „нераѕурите“ имаат неверојатни барања од каталонскиот гигант.

Каталонски „Спорт“ објави дека Интер од Барселона бара сума од 90 милиони евра, Артуро Видал плус Антоан Гризман на едногодишна позајмица.

Мартинез многумина го гледаат како замена за Луис Суарез, но останува да видиме дали на крајот ќе заврши на „Камп Ноу“.