Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Себастијан Џовинко конечно би можел да се врати во италијанската Серија А по скоро шест години.
Џовинко беше голема надеж за Јувентус, но тој никогаш не доби шанса на овој тим. Играше на позајмица во Парма и Емполи каде беше во можност да го покаже својот квалитет.
Но, на почетокот на 2015. година, тој ги изненади сите со тоа што одлучи да продолжи кариера во американскиот МЛС во дресот на Торонто. Атомската мравка ги воодушеви со игрите во дресот на овој клуб, а пред една година тргна во нова авантура, потпишувајќи во Саудиска Арабија за Ал-Хилал.
Иако тој има договор со овој клуб уште една година, се шпекулира дека Џовинко ќе се врати во Италија. Очигледно, овој 33-годишен играч реши да игра уште неколку сезони во Серија А во сетот на неговата кариера и да се обиде да остави некоја подлабока трага.
Џовинко се поврзува со враќање во Парма, но според италијанските медиуми се шпекулира дека Интер покажал најголем интерес за него, што е изненадување за многумина. Наводно, Антонио Конте им кажал на челниците на Интер дека доаѓањето на Џовинко ќе биде одличен потег и дека тој веројатно ќе пристигне без компензација.
Сигурно дека ваквиот потег не би им се допаднал на навивачите на Јувентус, но Џовинко е желен да се докаже на Апенините, каде што честопати бил оспоруван.