Куртоа јасен: Нема да е фер Барселона да е шампион, подобри сме од нив

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа смета дека не би било чесно Барселона да биде шампион без да биде доигран шампионатот.

Во Франција веќе се откажа првенството, а се уште неизвесно е што ќе биде со шпанското и англиското првенство. Единствено се знае дека Бундеслигата ќе почне на 15 мај и токму од тоа како ќе се развива работата во Германија веројатно ќе се водат и другите лиги.

„Од Барселона сме оддалечени само два бода и можеме да бидеме шампиони, па би било лошо сезоната да се откаже. Ако во Шпанија се одлучи Барселона да е шампион, мене тоа нема да ми изгледа фер. Покажавме дека сме подобар тим од нив“ –изјави Куртоа.