Мета Ворлд Пис повторно го промени името!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот НБА кошаркар , Рон Артест (Мета Ворлд Пис) повторно го промени името.

Човекот кој во текот на својата кариера реши да го смени своето име во Мета Ворлд Пис за да ги инспирира младите луѓе од целиот свет да живеат заедно, сега одлучи повторно да го промени своето име.

Тој ќе го носи името Мета Сандифорд-Артест во иднина, а дел од презимето го земал од неговата сопруга Маја Сандифорд. Тој, исто така, се сети како беше да го носи презимето на Ворлд Пис.

“Во првиот натпревар со новото презиме, помислив: Ова е најглупавото нешто што го направив во животот. Влегов од клупата и го слушнав Мета Ворлд Пис. Не сакав да се влегувам воопшто, се посрамотив. Веднаш сакав да си го вратам старото име, но луѓето се навикнаа. Денес ми е смешно.“, рече овој поранешен кошаркар и потоа го откри новото име што го користи уште од мај.

“Јас се оженив и решив да го земам презимето на мојата сопруга. Сега се викам Мета Сандифорд-Артест”, изјави поранешниот кошаркар во НБА.

Артест играше за голем број тимови во богатата НБА кариера и го освои прстенот со Лос Анџелес Лејкерс во 2010. година.