ФИФА потврди дека го истражува трансферот на Бруно Фернандеш


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од ФИФА потврдија дека го истражуваат трансферот кој Бруно Фернандеш го реализира пред неколку години кога премина од Сампдорија во Спортинг Лисабон.

Портпаролот на ФИФА потврди дека од Сампдорија се пожалиле на начинот на кој Спортинг се однесувал по трансферот на Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед.

Наводно, според клаузулата кога Фернандеш преминал во Спортинг, Сампдорија требало да добие 10% од следната продажба на играчот, меѓутоа Спортинг не ги исплатил барањата.

Токму затоа се решиле да се пожалат до ФИФА која сега ќе го испитува целиот трансфер. Инаку Бруно Фернандеш пристигна на „Олд Трафорд“ за сума од 58 милиони евра.