Готово е, Вилијан се договорил со клуб од Премиер лигата


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Челси, Вилијан ќе си оди од „Стемфорд Бриџ“ по крајот на оваа сезона.

Бразилскиот крилен фудбалер како слободен агент ќе го напушти Челси, но не и Лондон, и ќе потпише со тимот на Тотенхем.

„Дејли Мејл“ пишува дека 31 годишниот фудбалер бил убеден од Жозе Мурињо да направи трансфер во неговиот тим каде му загарантирал место во првата постава.

Мурињо беше заинтересиран да го донесе Вилијан и додека беше тренер на Манчестер јунајтед, но тогаш Челси не се согласи да го пушти.