Манчестер Јунајтед ја поправа грешката и го носи фудбалерот на Наполи во своите редови


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Од Манчестер Јунајтед го обновиле интересот за фудбалерот на Наполи и мексикански репрезентативец, Хирвинг Лозано.

„Ѓаволите“ беа заинтересирани за Лозано и додека тој играше во ПСВ, но не успеаја да го обзбедат неговиот потпис, а тој на крај заврши во Наполи.

Сепак слабите игри во дресот на наполитанците ќе го натераат клубот од Неапол да размисли за негова продажба.

„Дејли Мејл“ пренесува дека Манчестер Јунајтед го обновил интересот за играчот и ќе се обиде да го донесе ова лето за многу помали средства.