Ракитиќ уште еднаш проговори за својата иднина во Барселона


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Иван Ракитиќ инсистира дека е многу среќен во редовите на Барселона и потврди дека се надева дека ќе остане во клубот и следната сезона.

Хрватскиот интернационалец беше еден од многуте играчи кои се поврзуваа со заминување од клубот, но тој уште еднаш истакна дека ужива да игра на „Камп Ноу“.

„Веќе се навикнав на шпекулациите. Овде сум шест години и шест години се занимавам со тоа. Мора да се обидам да разберам дека фудбалот не е само спорт, туку има и повеќе од тоа. Се уште имам договор со Барселона, кога ќе потпишам договор секогаш сакам да го испочитувам до крај, а доколку тоа не се случи поради било која причина, тогаш ќе седнеме заедно и ќе зборуваме за тоа. Но, во моментов, пресреќен сум овде и размислувам за други работи, а не за трансфери“ –изјави Ракитиќ.