Кој има најстар тим а кој најмлад тим во Лигата на шампионите?

Екипата на Јувентус ќе има најстар тим во овогодинешното издание на Лигата на шампионите.

Старата дама од Торино пријави играчи кои се во просек стари од 28, 31 години, и се убедливо пред останатите екипи.

Позади Бјанконерите е Манчестер Сити со просек на старост од 27.85 години, додека ривалите на Јувентус од групата Лион и Динамо Загреб се најмлади.

Францускиот тим има просек од само 20,75 години, додека Динамо на просек од 22,33 години.

Актуелниот шампион на Европа Реал Мадрид има просек од 25,68 години и се наоѓа на златната средина.