УЕФА во понеделник ќе разговара за иднината на Лигата на Нации


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Европската фудбалска Унија (УЕФА) ќе одржи видео-конференција во понеделник со членовите на раководството и ќе разговара за иднината на Лигата на нации.

„Мирор“ објави дека со оглед на густите термини поради пандемијата на коронавирусот јасно е дека Лигата на нации нема да почне во септември, како што е планирано, а во игра е и откажува или одложување.

Конечната одлука за лигата на нации, но и термините на сите натпреварувања, меѓу кои и баражот за Европското првенство, ќе го донесе Извршниот комитет на 27 мај.