Зидан добива големо засилување во продолжение на сезоната во Ла Лига

Реал Мадрид добива неочекувано засилување во продолжение на сезоната бидејќи Еден Азар се појави на тренинг по паузата поради пандемијата на коронавирусот и кажа дека речиси целосно оздравел од операцијата на зглобот.

Белгискиот репрезентативец последниот меч го одигра во февруари против Леванте, а потоа на почетокот на март направи операција во Далас.

Фантастичниот фудбалер кажа дека има план да оздрави до крајот на сезоната, а потоа да игра на Европското првенство. Меѓутоа, се случи пандемијата и турнирот беше одложен за следната година, а Ла Лига е стопирана до 20 јуни, кога се планира да продолжи.

Азар се појави на тестирање на клубот каде што на тренерот Зинедин Зидан и соиграчите им покажа дека е речиси оздравен од повредата.