Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сапуницата околу трансферот на Лаутаро Мартинез во Барселона се чини се ближи кон самиот крај.
Имено, како што пренесува каталонскиот „Спорт“, Барселона и Интер биле пред конечен договор за трансферот на аргентинскиот напаѓач.
„Спорт“ пишува дека Интер прифатил да го добие Артуро Видал како дел од трансферот, а се очекува во него да биде вклучен и Нелсон Семедо или Емерсон кој во моментов игра на позајмица во Бетис.
Покрај двајцата играчи, Барслеона на Интер ќе му исплати дополнителни 60 милиони евра.