Сумо-борач почина на 28 години од коронавирус!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Во Токио од последица на коронавирусот почина 28-годишен јапонски сумо-борач. Кијотаке Суетаке познат како Шобуши бил хоспитализиран уште во април, а денеска почина откако му откажале неколку органи.

Тој е првиот сумо-борач кој починал од новиот вирус, а претходно во болницата поради заразата беа и неговите колеги. Засега не е познато дали тие целосно оздравеле.

Шобуши беше професионалец од 2007 година, а беше на 11 место во дивизијата во тоа натпреварување. Тој е првото лице во Јапонија, кое починало од вирусот, а е помладо од 30 години.