Лаутаро ја затворил вратата за другите заинтересирани тимови: Или Барселона, или никој...

Лаутаро Мартинез бил јасен дека нема шанси да го напушти Интер доколку за него не пристигне понуда од Барселона.

Во јавноста имаше шпекулации дека за Аргентинецот заинтересирани се и Манчестер Сити и ПСЖ, но Лаутаро не сакал да чуе за трансфер во овие тимови.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона е очајна да го добие потписот на 22 годишниот фудбалер и ќе стори се за да го донесе во своите редови.

Мартинез побарал од Интер сите понуди освен оние од Барселона да бидат веднаш одбивани.