Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Од редовите на Јувентус се заинтересирани во своите редови да го донесат фудбалерот на Барселона, Жан Клер Тодибо.
Младиот француски фудбалер откако не се изнаигра на „Камп Ноу“ беше пратен на позајмица во Шалке во јануарскиот преоден рок.
Во германскиот клуб одигра неколку одлични средби, но прекинот предизвикан од коронавирусот не му дозволи да ја продолжи одличната серија настапи.
Шалке сака да го откупи неговиот договор и двата клуба веќе преговараат, но работата може да ја „расипе“ Јувентус кој исто така му фрлил око на Тодибо.