Ливерпул посакува бразилски фудбалер во своите редови


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ пренесува дека од таборот на Ливерпул ја следат ситуацијата со бразилскиот талентиран фудбалер, Густаво Маиа.

Иако фудбалерот бил пред договор со Барселона, тој се уште може да се премисли, а наводно од Ливерпул биле подготвени да му понудат одлични услови.

Станува збор за 19 годишен фудбалер кој игра за вториот тим на Сао Паоло, а интересно е тоа што се уште нема настап за сениорите на овој клуб.

Барселона понудила за него 4 милиони евра, додека од Ливерпул се подготвени да му понудат подобри финансиски примања за да го добијат во своите редови.