Ибра со една објава на Инстаграм ја крена цела Германија на нозе! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ ќе го напушти Милан на крајот на сезоната, но многумина го поставуваат прашањето каде ќе ја продолжи кариерата.

Иако има 38 години, а наскоро ќе полни и 39, Ибрахимовиќ и понатаму игра на врвно ниво. Минатата зима пристигна во Милан да му помогне на тимот да се врати во Лигата на шампиони, но јасно е дека по половина година ќе мора да бара нов ангажман.

Се шпекулираше за негово враќање во Шведска, но сега популарниот Ибра со една порака ја крена цела Германија на нозе.

Ибрахимовиќ на своето стори на Инстаграм ја означи Бундеслигата и напиша „Што ќе кажат, тоа и прават. Ви благодарам“, по што доби одговор „Добредојден си Златан“, а потоа Ибра напиша „Се гледаме наскоро“.