Од Јувентус „побудалеле“: Се согласиле да платат 22 милиони фунти плус да ги пратат Пјаниќ и Де Шиљо во Барселона во размена за еден играч на каталонците


ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓


Медиумите во Шпанија пренесуваат дека преговорите околу Јувентус и Барселона за трансфер размена се при крај и во следниот период се очекува потврдување на една зделка од која многумина ќе останат вчудоневидени.

Имено, Јувентус е подготвен да плати 22 милиони фунти, плус во Барселона да ги прати Матија Де Шиљо и Миралем Пјаниќ во замена за десниот бек, Нелсон Семедо.

На Барселона и требаат пари со кои ќе го финансира трансферот на Лаутаро Мартинез, па овие 22 милиони фунти од Јувентус ќе им дојдат и тоа како добро.