Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Угледниот медиум „Дејли Мејл“ пренесува дека од редовите на Барселона испратиле понуда за услугите на фудбалерот на Јувентус, Матијс Де Лихт.
Каталонците беа заинтересирани за холандскиот стопер и минатата сезона, но тогаш играчот се реши да направи трансфер во Јувентус.
По слабата прва сезона, од Барселона се понадевале дека ќе успеат да го убедат Јувентус да го пушти играчот за сума од околу 70 милиони евра, но не успеале во намерата затоа што италијанскиот тим ја одбил понудата.
И повеќе од јасно е дека Барселона ќе купува стопер ова лето, а еден од кандидатите за оваа позиција е играчот на Лестер, Чаглар Сојунчу.