И Кавани желба на Конте како замена за Лаутаро Мартинез

Интер ќе разгледа неколку опции како евентуални наследници на Лаутаро Мартинез кој веројанто ќе си замине од клубот ова лето.

Најпрво со транфер на „Меаца“ се поврзуваше Обамејанг, а потоа и Дрис Мертенс кој веројатно ќе остане во Наполи и нема да се пресели во Интер.

Денеска два различни медиуми пренесоа вести дека Интер се интересира и за Кун Агуеро од Манчестер Сити, но и за Единсон Кавани од ПСЖ.

Уругваецот ќе остане без договор по крајот на сезоната, а „Скај Италија“ пренесува дека Интер ќе влезе во преговори со играчот со цел да го убеди да потпише за нивниот клуб.