Даглас Коста призна дека размислувал за крај на кариерата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер од редовите на Јувентус, Даглас Коста призна дека размислувал да стави точка на играчката кариера.

Крилниот фудбалер поради честите повреди во одреден момент размилсувал и да се пензионира, но потоа одлучил да продолжи да игра.

„Постојат моменти кога се прашувам дали можам уште да играм и размислувам за пензија. Тоа е поради тоа што секогаш кога ќе излезам на терен, се повредувам. Но кога го гледам фудбалот од дома ми текнува дека тоа е моја страст и дека можам уште да играм на високо ниво.

Често се шегувам со Алекс Сандро дека повеќе имам прегледи отколку натпревари“ –изјави Даглас Коста.