„Златан можете да го ставите меѓу лавови и тој ќе остане мирен“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Марио Балотели имаше деби од соништата во дресот на Ница. Италијанскиот напаѓач постигна два гола во големата победа од 3:2 против Марсеј во 4 коло од Лига 1.

„Сеуште не е доцна за мене да ја освојам Златната топка. Ако се трудам доволно, мислам дека за две или три години можам да ја освојам“, многу беше оптимист поранешениот напаѓач на Интер и Милан.

26-годишниот Балотели уште во 2014 година стигна во редовите на Ливерпул, но сеуште не успеа да се наметне. Следеше позајмица во редовите на Милан, а сега заврши во Франција.

„Доаѓањето во Ливерпул беше најлоша одлука во мојот живот. Клубот не ми се допаѓаше, освен фанстастичните навивачи и неколку играчи со кои сум и понатака во одлични односи.

Ме тренираа Брендан Роџерс и Јирген Клоп, но не ми се допаѓаа методите на ниту еден од нив, но нивниот карактер. Всушност никогаш во клубот не се чувствував добро“, откри поранешниот репрезентативец на Италија.

Марио Балотели не сака да се споредува со Златан Ибрахимовиќ, кој блеска во дресот на Јунајтед.

„Јас воопшто не сум како Ибрахимовиќ. Златан може да го ставите меѓу лавовите и тој ќе остане мирен, а мирен ќе биде и ако е опкружен со добри луѓе. Тој е едноставно таков“, заклучи тој.

 

https://www.youtube.com/watch?v=n3FA2Xqj20k