Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Пол Погба тешко ќе се пресели во Реал Мадрид, дури и ако Манчестер јунајтед се согласи на трампа со некој од фудбалерите на шпанскиот гигант.
Проблемот е неговата плата, зашто Погба ќе мора да се откаже од 17 милиони евра, кои ги добива во Јунајтед и ќе мора да добие пет-шест милиони помалку.
Соблекувалната на „кралевите“ е вознемирена, а главен е Серхио Рамос кој има договор до крајот на следната сезона и не покажува намера да го продолжи засега.
Реал Мадрид сака да ги намали платите на клубовите, зашто се очекуваат загуби од 300 милиони евра, а ако нема ниту навивачи на трибините, тогаш се очекува уште поголем удар и едноставно шпанскиот гигант ќе треба многу пари да потроши за Погба.