Сари претера? Сака четири засилувања од Лондон!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Маурицио Сари, тренерот на Јувентус, сака да го засили својот тим во текот на летниот преоден рок, а веќе на листата со желби има четири потенцијални засилувања.

Првиот е Жоржињо, за кого искусниот тренер тврди дека е важен за неговиот систем на игра, а Челси бара околу 40 милиони евра за неговиот потпис.

Јувентус го сака и Емерсон Палмиери, а за возврат ги нуди Алекс Сандро и Бернардески, но засега не е познато дали Челси е подготвен за размена. Овие денови се појави информација дека и двајца слободни агенти на Челси се желба на Јувентус. Еден од нив е Педро, а последен на листата со желби е Вилијан, кој нема да се пресели во Барселона, иако долго време го поврзуваа со такво нешто.