Спектаклот може да започне: Фудбалот ќе се врати во Италија следниот петок со натпревари!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанската влада го одобри барањето на раководството во Серија А за преместување на датумите на натпреварите од Купот на оваа земја.

Раководството на лигата достави барање да ги премести полуфиналните натпревари од Купот за еден ден, а „Скај Спорт“ тврди дека владата го одобрила барањето.

Така, фудбалот ќе се врати на Апенините следната недела, а во петок (12. јуни) ќе имаме вистинско уживање со враќањето на полуфиналните натпревари од Купот на Италија, во кое ќе играат Јувентус и Милан.

Еден ден подоцна е закажано второто полуфинале, во кое ќе се сретнат Наполи и Интер, а финалето ќе се игра на 17. јуни.

Треба да се истакне дека ова ќе бидат повратни натпревари од полуфиналето на Купот. Првите натпревари се одиграа во февруари, а ова се резултатите кои беа постигнати.

Милан – Јувентус 1:1
Интер – Наполи 0:1

Треба да се напомене дека продолжението на сезоната во Серија А ќе започне на 20. јуни.