Бомба од „Стемфорд Бриџ“: Челси дефинитивно го „украде“ Вернер од пред носот на Ливерпул


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еминентниот „Скај Спортс“ пренесува дека тимот на Челси ја добил битката за одличниот германски напаѓач, Тимо Вернер.

24 годишниот фудбалер на Лајпциг долго време се поврзуваше со трансфер во Ливерул кој тактизираше со тоа што одбиваше да ја плати неговата откупна клаузула од 50 милиони фунти и се надеваше дека истата ќе ја намали во слендиот период.

Сепак, брзо реагираше тимот на Челси кој го договорил Вернер кој наскоро треба и официјално да стави потпис на договорот со „сините“.

Челси ќе ја плати откупната клаузула која истекува на 15 јуни, а на играчот му понудил плата од 200.000 фунти неделно.

Френк Лампард во Вернер добива супер напаѓач за следната сезона во која Челси со сигурност ќе влезе со далеку поголеми амбиции.