Вернер направи проблем во Челси, Аспиликуета крена глас, соиграчите му се налутија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во претходните денови англиските медиуми пишуваат дека Тимо Вернер е нов фудбалер на Челси. Напаѓачот игра одлично во дресот на Лајпциг и така го привлече вниманието на многу европски клубови. Германецот најмногу се поврзуваше со Ливерпул, но очигледно ќе заврши во Лондон.

Вернер договорил петгодишна соработка со Челси, според која ќе заработува околу 10 милиони евра годишно, а лондонскиот гигант ќе ја плати откупната клаузула од 60 милиони евра.

Вернер ќе биде големо засилување за Челси, но „Сан“ објави дека атмосферата во соблекувалната на Челси е многу лоша бидејќи фудбалерите ги дознале деталите од трансферот.

Тие се бесни што клубот решил да плати 60 милиони евра за него, а пред неколку недели им ги намали платите поради финансиска криза.

Меѓутоа, тоа не им се допаѓа и ги налути фудбалерите кои му се налутија на Цезар Аспиликуета, кој ги убеди да се согласат на помала плата.