Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот кошаркар во историјата, Мајкл Џордан ќе донира 100 милиони долари во следните 10 години во борбата против расизмот.
Донацијата ќе се реализира преку брендот „Џордан“, кој го користи името на славниот кошаркар.
„Денеска објавуваме дека Џордан и брендот ќе донираат 100 милиони долари во текот на следните 10 години на организациите посветени за обезбедување на еднаквоста, социјалната правда, поголемиот успех во образованието“, напишаа во соопштението.
Џордан се реши на таков чекор откако почина Афроамериканецот Џорџ Флојд, по што почнаа протестите ширум САД.