Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Баерн Минхен како брз воз итаат кон нова титула во Бундеслигата, а медиумите во Германија сега се прашуваат дали клубот може да го сруши 48 години стариот рекорд кој го остварија во сезоната 1871/72 кога постигнаа 101 гол, а нивниот легендарен напаѓач, Герд Милер постигна 40 погодоци.
По паузата Баерн на пет натпревари постигна 17 погодоци, а нивниот најдобар играч, Роберт ЛЕвандовски постигна пет од тие голови,.
Четири кола пред крајот на Бундеслигата, Баерн Минхен на своето конто има 90 погодоци, а Левандовски има 30 погодоци.
За да го надминат лигашкиот рекорд од пред 48 години, Баерн Минхен мора да постигне уште 12 гола во останатите четири кола, додека ЛЕвандовски за да ја престигне бројката на Милер ќе мора да постигне 11 погодоци, што и не е баш реално.