Ди Марцио пренесе: Интер на чекор до големо засилување


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најпознатите италијански новинари, Џанлука Ди Марцио пренесе дека Интер е на чекор до одличен транфер.

Имено, младиот и талентиран играч од средниот ред, Сандро Тонали избрал да игра за тимот на Интер.

Бреша се согласила да го продаде играчот за сума од 30 милиони евра плус бонуси, а Ди Марцио наведува дека за трансфер во Интер младиот Тонали бил убеден од соиграчите од репрезентацијата на Италија, НИколо Барела и Стефано Сенси.

Тонали со своите игри го привлече вниманието на повеќе големи европски екипи како Јувентус, Манчестер Јунајтед, Барселона и ПСЖ, но се верува дека Интер на крајот ќе стигне до неговиот потпис.