Ненад Димитријевиќ во борба за најдобар млад кошаркар во Шпанија


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ е во конкуренција за наградата на шпанската лига за најдобар млад кошаркар.

Димитријевиќ беше во скратениот список од 12 кошаркари, кои ќе се борат за титулата најдобар млад кошаркар во шпанското првенство.

Навивачите ќе имаат можност да гласаат за својот миленик преку официјалните апликации на шпанската лига најдоцна до 24 јуни.