„Евробаскет“ тврди: Димитријевиќ си договори трансфер во евролигаш!

Македонскиот кошаркарски репрезенаттивец Ненад Димитријевиќ ќе ја продолжи кариерата во Валенсија, барем таква информација објави порталот „Евробаскет“.

Кошаркарот на Хувентуд се покажа одлично во претходниот период и благодарение на неговите одлични настапи привлече голем интерес од неколку евролигаши, меѓу кои и Валенсија.

Освен Валенсија, и Басконија покажа интерес за македонскиот кошаркар, но очигледно Димитријевиќ знае што е најдобро за неговата иднина.

Димитријевиќ во просек сезонава постигнува по осум поени и 3,3 асистенции во шпанската лига, па без сомнеж ќе биде солидно засилување за Валенсија.