Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Сити го совлада Барнли со 5:0 во натпреварот од 30-то коло од Премиер лигата синоќа на „Етихад“.
Граѓаните успеаја лесно да дојдат до нова победа и да се зацврстат на втората позиција на табелата. Сепак, Пеп Гвардиола беше видно разочаран по натпреварот бидејќи остана без својот најдобар играч.
Имено, на крајот од првото полувреме, Серхио Агуеро мораше да го напушти натпреварот, жалејќи се на болки во коленото по дуелот со еден од играчите на гостинскиот тим.
Агуеро се избори за пенал, но тој веднаш покажа дека нема да може да продолжи да игра. Гвардиола по натпреварот изјави дека ситуацијата не е најдобра и дека сезоната за Аргентинецот веројатно е завршена.
“Тој почувствува болка во коленото и ова навистина не изгледа добро. Се плашам дека сезоната е завршена за него. Лекарите велат дека за закрепнување ќе му треба време, но тој ќе направи детални прегледи утре и ќе знаеме повеќе од тоа. Јас се уште се надевам на некои добри вести, но тоа не изгледа добро сега “, рече Гвардиола.
Ова сигурно ќе биде голем удар за граѓаните ако се излезе дека Агуеро е сериозно повреден. Покрај Премиер лигата, Сити ги очекува и Лигата на шампионите во август, односно реванш натпреварот против Реал Мадрид. Како што стојат работите, Агуеро може да го пропушти овој натпревар.