„Гостувањето во Лондон е голем предизвик, но уверен сум дека имаме што да бараме таму“


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Дербито од петтото коло од Премиер лига се игра веќе во петок, а во него на Стенфорд Бриџ Чечси ќе го угости Ливерпул. Редсите во тој натпревар ќе бидат посилни за Дејан Ловрен.

„Тука се сите играчи кои што играа во последниот натпревар, плус Дејан. Останатите не се спремни, како на пример Емре Чан. Тој е не е повреден повеќе, но му треба тренинг.

Во предсезоната подоцна се приклучи, па се случи повреда и тоа одма е проблем. Сепак, едвај чекаме да се врати. Истата работа е со Сако, Џое Гомез и останатите. Кариус тренираше цела недела, но Мињоле е добар“, започна тренерот на Редсите Јирген Клоп па се наврати на Челси:

„Возбуден сум, натпревар против Челси, посебно на Стенфорд Бриџ е секогаш специјален. Тие се силна екипа во добра форма. Ги гледав против Свонси“.

„Овае голем предизвик за нас бидејќи тие се бранат добро и напаѓаат брзо и силно. Не е ова најлесна работа  на светот, но уверен сум дека имаме што да бараме. Така функционираме. Сепак, сигурен сум дека и тие имаат ист план и поради тоа мораме да бидеме свесни“.

Се осврна Клоп и на најопасниот играч на Сините Еден Азар.

„Беше одличен кога игравме на Енфилд. Но му оставивме премногу простор што не е убаво, а ни паметно. Сепак, можеме подобро и ќе биде подобро. Тој е повторно тој стариот“.

„Челси не е само Азар. Оскар одлично се снајдува во новата улога. Вилијан, ух, каков е тој играч. Ги имаат Канте, Матиќ, навистина се добри“.

Диего Коста?

„Светска класа. Тој е вистински војник на теренот и го користи телото цело време. Тоа е негов квалитет и тоа морате да го знаете. Против Свонси беше незапирлив“.