Бартомеу: Не е фер што ВАР во Шпанија работи само за еден клуб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Синоќа фудбалерите на Барселона убедливо го совладаа тимот на Виљареал со 4:1 во дербито од 34-то коло на шпанската Ла Лига.

Каталонскиот клуб успеа да се задржи на четири бода зад Реал Мадрид, но ќе биде многу тешко да се очекува дека до крајот на сезоната ќе можат да ги поминат Кралевите на табелата и да ја одбранат титулата.

Реал Мадрид вчера одигра тежок натпревар против Атлетик Билбао и успеа да слави со голот на Серхио Рамос од пенал. Ова беше уште еден натпревар кој Реал го доби со гол од пенал, а многу се крена прашина по натпреварот.

Имено, многумина веруваат дека неколку минути по голот на Реал, судијата мораше да досуди пенал за домашната екипа затоа што Рамос направи очигледен прекршок против Гарсија, но ВАР не реагираше.

Секако, повеќето критики доаѓаат од Барселона, а синоќа зборуваше претседателот на каталонскиот клуб, Јосеп Марија Бартомеу и рече дека не е во ред начинот на работењето на ВАР во Шпанија.

„ВАР не е фер за сите клубови во Шпанија. Секогаш работи само за еден клуб“, рече тој за Бартомеу.