Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ го раскина договорот со катарскиот „Ал Духаил“, во кој мина малку повеќе од половина година.
Манџукиќ пристигна во катарскиот клуб од Јувентус како огромно засилување, но се чини дека тој не успеа таму. Хрватот доби огромен договор од Ал Духаил, но јасно е дека Катар не „доби“ тоа што очекуваше.
Искусниот напаѓач вчера потврди дека меѓусебно го раскинал договорот со овој клуб, и дека е слободен агент. Претходните денови се пишуваше дека тој дури може да потпише за Беневенто кој се врати во Серија А, но многумина веруваат дека ќе биде многу тешко да се случи.
Имено, Манџукиќ најмногу се поврзува со турските клубови, имено Галатасарај и Бешикташ. Сепак, овој напаѓач доби понуда да ја продолжи кариерата од далечна Русија.
Медиумите во Русија пишуваат дека Локомотив од Москва веќе контактирал со Манџукиќ, и дека му понудиле двегодишен договор. Наводно, Ведран Чорлука, кој сè уште е член на овој клуб, вклучил прсти во сето ова, и му била дадена задача да го убеди Манџукиќ да ја прифати понудата од Москва.
Според руските медиуми, преговорите траат повеќе од еден месец, а се очекуваше Манџукиќ да го раскине договорот во Катар со цел да се официјализира соработката со Локомотив Москва.